Error: map could not be loaded - a map with the ID does not exist. Please contact the site owner.
Кале, како највисока точка во урбаниот дел на градот, е едно од најпопуларните места за посета во Скопје и дефинитивно
задолжителна дестинација за секој турист. Тврдината импозантно се издига на левиот брег на реката Вардар и од неа центарот на Скопје го имате на дланка. Токму од Калето можете најубаво да ги разгледате и да
ги фотографирате новите објекти и споменици, што се изградија во последните неколку години. Прекрасна локација од која
вашите фотографии ќе личат на разгледници.

На тврдината вообичаено нема многу луѓе и овозможува да избегате од градскиот метеж иако тој е на само неколку стотици метри од вас. Во летните месеци ова е
совршена локација за големи музички концерти. Скопското Кале е изградено во VI век за време на Византиското владеење и е едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во градот.