Error: map could not be loaded - a map with the ID does not exist. Please contact the site owner.
„Рано утро чкембе чорба, после секој своја борба“ велат стиховите на една од песните кои најдобро го опишуваат духот на Скопје. Утринската чорба е омилениот ритуал на старите скопјани. Оваа традиција се почитува до денес и
речиси нема кафеана која секое утро на своето мени нема телешка и чкембе чорба. Сепак, Балкон3 одлучи да ве одведе во „Идадија“, кафеана која постои речиси 90 години и се наоѓа во познатиот кафеански кварт во старата скопска населба, Дебар Маало.
Да се седи во „Идадија“ на чорба и ракија, ќебапи и пиво или едноставно на кафе – муабет со пријателите е задоволство кое не може да се опише туку мора да се почувствува. И за крај, еден интересн адет. Секое првојануарско утро жителите на Дебар Маало се собираат во „Идадија“ да го прослават почетокот на Новата година со мезе, пијалак и македонска народна музика. Точно напладне тие
излегуваат од кафеаната и играат оро на улицата. Оваа традиција се негува уште од пред Втората светска војна.