Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКА за користење видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права

by | May 11, 2021 | Дали личиме на ЕУ?, На Балкон, Настани

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...

read more
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...

read more
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА:  „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...

read more

АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКА за користење видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права

by | May 11, 2021 | Дали личиме на ЕУ?, На Балкон, Настани


Невладината организација КОНФИДЕНС (www.balkon3.com) ве поканува да аплицирате за обука за користење видео содржини како начин за мониторирање и документирање на човековите права на локално и национално ниво. Овие обуки се предвидени за новинари и граѓански активисти кои се занимаваат или имаат намера да се занимаваат со фрлање светло врз проблемите со почитување на човековите права во разни области.
Рок за аплицирање: 17 мај 2021г. Аплицирај ОВДЕ.
Обуките ќе се спроведат во рамки на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“, финансиран од ЕИДХР програмата на ЕУ, а нивна цел е да им помогне на локалните граѓански организации и новинари да стекнат вештини за тоа како да користат релевантни и ефикасни алатки и опрема за продуцирање содржини кои ќе го зајакнат нивниот капацитет да се поврзат со медиумите и да работат на унапредување на почитувањето на човековите права.
Обуките се предвидени со времетраење од три дена и ќе се спроведат во Хотел Бисер, Струга, во три различни термини (28 – 30 мај, 04 – 06 јуни, 11 – 13 јуни). На секоја од обуките учество ќе земат 13 – 15 претставници од локалните организации или медиуи. Сместувањето и патните трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторот на проектот.
За време на обуките ќе се почитуваат сите мерки за заштита од COVID-19, а воедно и сместувањето ќе биде во еднокреветни соби.
По завршувањето на обуката, секој учесник ќе има задача да креира сопствена видео приказна со користење на алатките на мобилното новинарство, а за време на изработката на видеата, учесниците ќе работат под менторство на предавачите.
Рок за аплицирање: 17 мај 2021г.