Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

NESCAFÉ 3in1 ДОБИТНИК НА ВРЕДНО ПРИЗНАНИЕ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

by | Dec 29, 2019 | Настани

THE BOOGIE MAN

THE BOOGIE MAN

За оние кои се помалку упатени, Ненад Цветичанин – Цепи е музичар, романсиер, преведувач и новинар со завиден стаж од речиси четириесет години музичко авторство. Цепи е еден од ретките музичари кој активно учествувал во обликувањето музиката и на естетискиот образ на...

read more
АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКА за користење видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права

АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКА за користење видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права

Невладината организација КОНФИДЕНС (www.balkon3.com) ве поканува да аплицирате за обука за користење видео содржини како начин за мониторирање и документирање на човековите права на локално и национално ниво. Овие обуки се предвидени за новинари и граѓански активисти...

read more
ПОЗНАТИОТ АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ДОКАЖА ДЕКА СПРЕЈОТ СО ЛИЗОЗИМ ГО БЛОКИРА РАЗВОЈОТ НА КОРОНА ВИРУСОТ

ПОЗНАТИОТ АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ДОКАЖА ДЕКА СПРЕЈОТ СО ЛИЗОЗИМ ГО БЛОКИРА РАЗВОЈОТ НА КОРОНА ВИРУСОТ

Тукушто објавените резултати од испитувањето на Одделот за микробиологија и имунологија на Универзитетот во Северна Каролина во САД, потврдија дека Lysobact P Spray® што го произведува компанијата Босналијек од Босна и Херцеговина го спречува развојот на глувчешкиот...

read more

NESCAFÉ 3in1 ДОБИТНИК НА ВРЕДНО ПРИЗНАНИЕ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

by | Dec 29, 2019 | Настани

Филозофскиот факултет во Скопје, на свеченоста по повод прославата на 99 години постоење на факултетот, на компанијата Nestlé и врачи посебно признание во знак на благодарност за одржаната кампања NESCAFÉ 3in1 „Start Smart“. Во текот на февруари и март оваа година, Nestlé одвојуваше средства од продажбата на секој NESCAFÉ 3in1 и NESCAFÉ 2in1 производ, кои се искористени за унапредување на условите за учење во библиотеката на факултетот.

Благодарение на NESCAFÉ 3in1 „Start smart” кампањата, купени се маси, столици и компјутери со кои е овозможен пристап до дигатилизираната литература на библиотеката, со цел таа да биде подостапна до корисниците.
Една од главните премиси на компанијата Nestlé е подобрувањето на квалитетот на живот и создавањето успешни заедници да го почне од образованието. Од тие причини, нам ни е големо задоволство да ги поддржиме младите, талентирани луѓе во Македонија, истакна Нели Најденова Загорчева, сениор бренд менаџер на NESCAFÉ, во компанијата Nestlé. „Му благодариме на Филозофскиот факултет во Скопје за ова значајно признание, што за нас е дополнителен поттик и во иднина да продолжиме со слични акции, како во Македонија, така и во регионот. Како меѓународна компанија, имаме одговорност да помогнеме на младите да им се обезбедат адекватно образование и вештини”, додаде таа.
За потсетување, На Филозофскиот факултет во Скопје, во март беше одржана дискусија за односот меѓу дигитализацијата и социјализацијата, NESCAFÉ 3in1Start Smart Talk. Во таа прилика, учесниците заклучија дека општествената одговорност на компаниите е особено важна во однос на образованието и креирањето прилики за младите луѓе.
Компанијата Nestlé, трета година по ред, помогна во опремување и реновирање на образовни институции и библиотеки во Македонија, со цел да ги унапреди условите за професионален развој на студентите. Минатата година, од одвоените средства од продажбата на производи на сличен начин беше опремено и мултимедијално катче во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Настани

Балкон 3 Џубокс