Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
ДА ГО ПОДОБРИМЕ ГРЧКИОТ ТУРИЗАМ – UP GREEK TOURISM
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
ДА ГО ПОДОБРИМЕ ГРЧКИОТ ТУРИЗАМ – UP GREEK TOURISM
Доброволна „ Crowdfunding“ иницијатива за промоција на Грција во кампањите на светските медиуми
Со наслов „ Up Greek Tourism“ (Да го подобриме грчкиот туризам) граѓанската иницијатива со седиште во САД собра 20.000 долари за промоција на Грција во светските медиуми, а врв на оваа кампања беше огромниот мултимедиа билборд на Тајмс Сквер во Њујорк на 25 март, денот на независноста на Грција. Кампањата вклучува интервјуа, слики и видеа во најпознатите весници и магазини во САД и во Европа, тв канали и интернет медиуми, и секако социјалните мрежи прекукои брзо се рашири низ целиот свет.
Кампањата е едноставна и се темели на симболизам, кој има за цел да ја пренесе пораката на гостопримството. Односно самите луѓе го покануваат светот да им „се придружи“ во нивната земја и да ја споделат убавината и позитивните чувства кои ги негува Грција и покрај сите случувања таму. http://www.upgreektourism.gr/
Идејата ја почна Јоргос Кливокиотис (Yorgos Klivokiotis), млад Грк кој работи во Дубаи, кој заедно со уште тројца луѓе, потпомогнати од околу 30 волонтери и над 5.000 лица кои помагаат на сите можни начини во овој процес. Се повеќе и повеќе доброволци се приклучуваат на иницијативата, толку многу што многумина мораа да бидат одбиени бидејќи капацитетот на кампањата беше пополнет. Во неговиот текст во весникот Athens Free Press newspaper (LiFo), новинарот Статис Хаикакис (Stathis Haikalis), еден од тројцата координатори, го потенцира еланот доброволците и фактот што тие не се ни знаеја меѓу себе пред повикот за кампањата. Тие самите мораа да гио покријат трошоците за пат, транспорт и сите останати трошоци, бидејќи сите собрани пари беа наменети само за потребите на кампањата во медиумите. Всушност сите пари беа чувани транспарентно на сметка, така што сите донатори можеа да видат каде одат и за што одат нивните пари.
„Она што е уште поинтересно е дека кампањата не беше само поддржана од грчките државјани што живеат во Грција, односно оние што не се грчки државјани (членови на грчката дијаспора и други лица кои дури немаат никакви грчки корени) придонесоа со 50 отсто од вкупната сума во кампањата.“
Истовремено, уште едно видео со наслов Грција е светот (Greece is the Word) се појави на U-tube, кое на хумористичен начин, поврзувајќи го минатото и денешнината на Грција, особено преку прикажување на светски познати личности од Грција, кои имаат придонес во дефинирањето на културниот карактер на модерниот грчки народ. Да споменеме некои од нив, композиторите Микис Теодоракис (MikisTheodorakis) и Манос Хаџидакис (Manos Hatjidakis), актерката и политичарка Мелина Меркури (Melina Mercouri), филмаџиите Џон Касаветес (John Cassavetes), Михалис Какојанис (MihalisKakoyiannis), нобеловецот за поезија Одисеј Елитис (Odysseas Elytis), добитникот на Лениновата награда за мир Јани Рицоса (YiannisRitsosa) и други.
Сите знаеме дека малите независни иницијативи на добра волја можат некогаш да направат многу и можат да имаат повеќеслојни ефекти. Ваков феномен изгледа се случува во овој период во Грција. Граѓанските иницијативи ги здружуваат заедно сите кои се обидуваат да го разбудат чувството на солидарност, граѓанската акција која беше навистина заспана во последните 30-40 години. Времето ќе покаже, а за некои времето е сега.
Софија Николау






