Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

Новогодишни празници на грчки начин

За некои тоа е начин да се избега од мрачната зима и сè потешкото секојдневие, за други е можност за духовно напредување и добротворство. Во Грција претераниот конзумеризам веќе започнува да се подвлекува пред потребата да се прославува заедништвото за време на...

КОГА КИНОТО ОДИ НА ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ

Интернационалните филмски продуценти многупати досега ги имаат искористено пејзажите на грчките острови како сет за многу успешни филмови. Со години тоа претставува добитна комбинација за кино благајните и за промоција на локалниот туризам. Ајде да се потсетиме на...

Како да патувате евтино по грчките острови! Не ѕиркајте! Придружете се!

Како да патувате како локален жител до островите Киклади Малку географија:) Архипелагот Киклади се наоѓа во јужниот дел на Егејското море недалеку од главниот град на Грција. Старото име на оваа група острови потекнува од кругот (“cyclos”) којшто тие го формираат...

Велигден во Грција

Најважните моменти од најголемиот празник во годината Тешко може да се опишат интензивните чувства за време на Велигден во Грција. Има очигледни и јавни промени на расположенија (од среќа во тага, од елегија во екстаза, од лирични чувства до хедонистичко уживање во...

Слатко и Балканско

Еден многу едноставен рецепт за слатко задоволство на Балканот се состои од: најголем дел овошје (и зеленчук или цвеќе) кое се претвора во конзервирана храна откако ќе се свари во густ шеќерен сируп – шербет. Се прави на ист принцип како и џем но во овој случај...