Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
Полнет кромид на азербејџански начин
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
Полнет кромид на азербејџански начин
Викендов екипата на Балкон 3 одлучи да ви претстави еден традиционален рецепт од Азербејџан, земјата која годинава е домаќин на Евровизија. Во пресрет на вечерашното финале ви препорачуваме за саботниот ручек да подготвите полнет кромид или “sogan dolmasi”, како што се нарекува во Азербејџан. За јадењата од полнет зеленчук во Азербејџан, исто како и во Турција, а и во одредени делови од Македонија, се користи терминот „долма“. Долмата од кромид всушност е вкусна алтернатива за полнетите пиперки.

Потребни состојки за четири лица:
– 9 големи главици кромид
– 300 грама мелено телешко или јагнешко месо или комбинација од двете
– 50 грама ориз
– 50 грама овча маст (опционално)
– 50 грама стопен путер
– една лажичка мелен цимет
– коријандер и копар (по желба)
– сол и бибер
-100 грама јогурт

Подготовка:
Главиците кромид се лупат и се сечат околу два центиметри од нивните врвови, кои се чуваат и подоцна се користат како поклопци. Со мал нож за зеленчук се отстрануваат централните слоеви на кромидот. Половина од отстранетите слоеви се мешаат со меленото месо, со што смесата станува посочна. Потоа на смесата се додава путерот и се пржи околу 15 минути на ниска или средна температура.
Оризот се вари во солена вода околу десет минути. Вака сварениот ориз, циметот, зачините, солта и биберот се додаваат на смесата од месо и сето тоа се вари уште пет минути, а потоа се остава да се олади.
Главиците кромид се полнат со смесата и се сместуваат во тава, при што треба да се внимава да бидат добро збиени, со цел кромидот да го задржи својот облик. Претходно исечените врвови на кромидот се ставаат како поклопци врз главиците.
Во тавата се додава вода додека не дојде до половина од висината на кромидот, потоа се покрива и се пече околу 30 минути или додека кромидот не омекне.
На крај специјалитетот се служи заедно со јогурт попрскан со цимет.
Добар апетит!






