За оние кои се помалку упатени, Ненад Цветичанин – Цепи е музичар, романсиер, преведувач и новинар со завиден стаж од речиси четириесет години музичко авторство. Цепи е еден од ретките музичари кој активно учествувал во обликувањето музиката и на естетискиот образ на...
Петто издание на графичката работилница „Софија“
АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКА за користење видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права
Невладината организација КОНФИДЕНС (www.balkon3.com) ве поканува да аплицирате за обука за користење видео содржини како начин за мониторирање и документирање на човековите права на локално и национално ниво. Овие обуки се предвидени за новинари и граѓански активисти...
ПОЗНАТИОТ АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ДОКАЖА ДЕКА СПРЕЈОТ СО ЛИЗОЗИМ ГО БЛОКИРА РАЗВОЈОТ НА КОРОНА ВИРУСОТ
Тукушто објавените резултати од испитувањето на Одделот за микробиологија и имунологија на Универзитетот во Северна Каролина во САД, потврдија дека Lysobact P Spray® што го произведува компанијата Босналијек од Босна и Херцеговина го спречува развојот на глувчешкиот...
Петто издание на графичката работилница „Софија“
Годинава од 23-ти август до 3-ти септември во Богданци, традиционално по петти пат ќе се одржи меѓународната графичка работилница „Софија“, единствена од ваков вид во Македонија и на Балканот. На неа учество ќе земат 14 млади автори од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина и Словенија.

Од Печатница „Софија“, која е организатор на работилницата, велат дека целта е на младите и талентирани автори да им се овозможи размена на искуства и услови за реализација на нивните дела, бидејќи поради условите во кои се работи, графиката како техника е помалку застапена во целиот регион. Ментор на годинешнава работилница ќе биде реномираниот професор Радован Јандриќ од Ликовната академија во Нови Сад.

Завршните дела ќе бидат изложени во галерискиот простор на Печатница „Софија“ во Богданци, а по завршувањето на работилницата се предвидени изложби во повеќе градови низ Македонија, како и во други земји на Балканот. Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година. До сега низ неа продефилираа над 60 млади уметници од целиот регион.
Повеќе за графичката работилница можете да дознаете на: www.graphicartsofija.org






