Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
БИЛГЕ ЕМИН: И СОНОТ НИ Е ЗАБРАНЕТ
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
БИЛГЕ ЕМИН: И СОНОТ НИ Е ЗАБРАНЕТ
„Живееме во едно општество каде што нема слобода на говор, мислење и однесување. И покрај толку поминати години, ние всушност се вративме назад. Најдовме заеднички точки во текстот на Шекспир, напишани пред 400 години. Главната разлика е во тоа што, пред 400 години авторот нудеше решение, тоа решение беше сонот, всушност луѓето можеа да ги сонуваат своите идеали. Денеска и сонот ни е забранет„

За режисерката Билге Емин, тоа е основната порака на преставата „Сон на летната ноќ“ познатата драма на Шекспир, која што неодамна, во режија на Мартин Кочовски, беше премиерно изведена на сцената на Турскиот театар.
Шескспировата комедија која сигурно, е една од најмногу играните комедии на театарските сцени ширум светот, овозможи љубителите на театарската уметност да доживеат пријатни моменти.
Младиот актер од Турска драма, Аксел Мехмет, кој ја играше улогата на Лисандер ни изјави дека преставата беше многу различна од другите, но во исто време, динамична и со високо темпо. Тој, се надева дека претставата позитивно влијаела врз гостите и дека таа улога, во иднина за него ќе преставува големо искуство.
Според Несрин Таир, претставата е модерно читање на познатата комедија на Шекспир, дејството се случува во Скопје.

„Денес во 21. век не ни се дозволува да сонуваме. И кога најмногу ни е потребно не можеме да сонуваме„ ни изјави Несрин додавајќи дека Кралицата Титанија пред 400 години, можела сите да ги заспие, но сега истата Титанија не може да не повика да спиеме, а да сонуваме, не можеме ни да замислиме. При подготовката на преставата единствената дилема на Несрин била дали ќе успеe текстот да се прилагоди на денешните услови. „Сепак, мислам дека успеавме“, додаде таа, среќна и возбудена од реакциите на љубителите на театарската уметност.
Улогите ги толкуваат: Ријад Тахир, Фунда Ибрахим, Аксел Мехмет, Сузан Акбелге, Селпин Керим, Зубејде Селимовска, Џенап Самет, Несрин Таир, Берхеда Решит, Танер Сулејман, Тамер Ибрахим, Неат Али.
Сценографијата е на Јулијана Војкова-Најман, костимите се на Марија Пупучевска, а музиката – на Оливер Јосифовски.
Хусамедин Гина






