Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

Виртуелна посета на Партенон

by | Jan 8, 2014 | На Балкон, Патувања

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...

read more
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...

read more
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА:  „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...

read more

Виртуелна посета на Партенон

by | Jan 8, 2014 | На Балкон, Патувања

Дали некогаш сте посакувале да го посетите Партенон но никогаш не сте имале прилика да го остварите тоа патување? Нешто многу слично на посакуваното – виртуелна тура од 360˚ над и околу светиот камен е веќе достапна за сите!
part image 4
Рускиот тим AirPano.ru дизајнираше апликација која овозможува спектакуларна тура во висока резолуција околу овој атински споменик. Искуството на корисниците е доста реално и драматично додека лебдат над храмовите и ја подесуваат насоката и перспективата од која сакаат да разгледуваат, а во исто време се информираат за сè што гледаат. Апликацијата вклучува и информативен  напис за историјата на знаменитостите и за вложениот труд на самото место за остварување на овој проект.
Атинскиот Акропол не е оддалечен од градот туку се наоѓа во самиот центар на Атина, а тоа овозможува корисниците на апликацијата да ги истражат и разгледаат знаменитостите и улиците околу стариот град и да откријат што уште може да се види  – спој на древното и современото, нешто што ја карактеризира денешна Атина. Она што е забележително на сите слики е јасното и светло атинско небо кое секогаш е инспирација за фотографите.
part image3
Поглед од птичја перспектива на градот и планините кои го опкружуваат спуштајќи се до морето и пристаништето Пиреја е глетка која и локалните жители не можат да ја доживеат секој ден – освен ако не се птици, нели?!
Инвентивниот руски тим има изработено голем број вакви проекти за прекрасни природни знаменитости и споменици направени од човечка рака вклучувајќи ги Масаи Мара во Кенија, Мон Сен Мишел во Франција, Монт Еверест во Непал, Таџ Махал во Индија и Големиот Кањон во Америка.
Апликацијата за Атина може да ја најдете на следниот линк:
http://www.airpano.ru/files/Acropolis-Athens-Greece/2-3-2?scene=s2&?ath=-112.04&?atv=34.50&?fov=90.00
Фото: www.airpano.com
Софија Николау

Настани

Балкон 3 Џубокс