Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

Атина во 24 часа

by | Oct 19, 2013 | На Балкон, Патувања

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...

read more
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...

read more
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА:  „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...

read more

Атина во 24 часа

by | Oct 19, 2013 | На Балкон, Патувања

Athens 24 cover
Под претпоставка дека сте премногу зафатени и имате само 24 часа за посета на раздвижениот, енергичен и разновиден метрополис Атина, кои места би ги посетиле за да го видите најдоброто од него? За совет не можете да најдете подобар човек од еден искусен урбанист и туристички консултант.
Стефано АлесиоДодека работеше на проектот за заживување на центарот на Атина, Стефано Алесио, Американец по потекло, го создаде Градскиот Водич низ Атина (ACGS-Athens City Guide Service), сервис кој организира тури низ градот прилагодени на потребите на клиентите и им помага на туристите да ги истражат повеќе или помалку познатите богатства на градот, а во исто време да се запознаат со грчката култура на забавен и инклузивен начин.
Откако ги разгледавме местата кои беа предложени, специјално за читателите на Балкон 3, мора да признаеме дека и самите жители на Атина не ги забележуваат овие забавни и интересни места кои се дел од нивниот секојдневен живот. Па, еве ја листата предлози на места поврзани со духот на Атина, специфични за овој град. Избор на места подалеку од вообичаените туристички тури, не многу скапи и лесно достапни со метро.
Многу блиску до срцето на градот, плоштадот Синтагма, се наоѓа едно популарно место за одмор и освежување (наградено од интернет страницата Trip Advisor). „Авокадо“ е вегетаријански/вегански еко-ресторан кој нуди креативни органски јадења со производи набавени по принципите на фер трговија.
VibrantVeganX.jpg Avocado   dessert avocado
Пробајте ги нивните свежо цедени сокови збогатени со грчка спирулина за додатна енергија! На горниот кат се наоѓа Зен собата која често станува место за средби помеѓу посетителите на Атина. (метро станица: Syntagma)
На границата помеѓу старата населба Плака и античката Агора (археолошко наоѓалиште) се наоѓа Врисаки, место кое је претставува отворената културна заедница на градот и кое е раководено од Athens Fringe Network, интернет платформа за поврзување на уметници.
Vrisaki2   Vrisaki3
Пред да се искачите до малата но, пријатна тераса на Врисаки може да разгледате една од типичните стари атински куќи (одделни мали домови изградени околу заеднички внатрешен двор). (метро станица: Monastiraki)

Мапа на Атинското метро


Атинците го сакаат италијанскиот сладолед особено кога е приготвен со свежо млеко и квалитетно овошје. Слаткарницата Ice Scream е забавно и вкусно место за одмор. Се наоѓа во Атинскиот пазар за стари работи на познатата улица Pandrossou и нуди 130 различни оригинални вкусови сладолед. (метро станица: Monastiraki)
ice-scream-3   ice-scream-4
На плоштадот Монастираки неодамна беше додадено уште едно катче каде може да се восхитувате на Атинската панорама. „360“ нуди поглед кој го одзема здивот и е можност за уште една коктел пауза (цените за комплетна вечера се прилично високи) во тивок и пријатен амбиент. Најдобро е да го посетите на зајдисонце! Не губете време чекајќи го лифтот (пред кого секогаш има гужва) туку следете ги скалите кои водат до градината на врвот. (метро станица: Monastiraki)
360 Athens
Блиската населба Псири, која во минатото беше позната како центар на чевларски и кожарски занаетчии, сè уште нуди сандали со врвен квалитет кои вообичаено ги купуваат и локалните жители и туристите. Од плоштадот Монастираки појдете по улицата Aghias Theklas каде ќе ја најдете Melissinos, необична продавница каде се продаваат рачно изработени кожени сандали покрај спектакуларна изложба на слики со познати муштерии.
Sandalа   sandal_mycenean18
Подолу, на улицата Miaouli посетете ја продавницата Karras, каде ќе најдете кожени чанти, торби и модни додатоци со супериорен квалитет, направени да траат доживотно. (метро станица: Monastiraki)
Прошетката по улицита Athinas (која ги поврзува станиците Monastiraki и Omonia) ќе ви ја долови трговската треска која се одвива зад завесите додека ги разгледувате најдобрите примероци од атинската нео-класична архитектура (XIX век). Плоштадот Коциа (Kotzia) вреди да се види поради збиените згради кои се наоѓаат таму, вклучувајќи ги Градското Собрание, седиштето на Националната Банка и палатата Мелас. (метро станици: Monastiraki, Panepistimio за плоштадот Kotzia и Omonia).
Плоштад Kotzia, поглед од улица Athinas

Плоштад Kotzia, поглед од улица Athinas


Градското Собрание на улица Athinas

Градското Собрание на улица Athinas


Изненадувачки е тоа што малку туристи знаат дека по улицата Athinas се наоѓа централниот пазар (Varvakios Agora) кој се простира на двете страни од улицата и по страничните улички Evripidou и Sofokleous. Сите свежи и најдобри намирници од локалната, националната и интернационалната кујна можат да се најдат токму тука, и тоа по многу пристапни цени. Зградата Varvakios (центар за месо, риба и морска храна) треба да се посети кога продавниците се отворени, од рано наутро до доцна попладне. Ако слушнете како случајните минувачи се смеат на коментарите на продавачите бидете сигурни дека зборуваат за „кризата“!
Varvakios

Varvakios


Не го заборавајте делот од популарната улица Evripidou каде може да се купат најдобрите грчки зачини и билки (како што се malotira – планински чаj од Крит, смола од мастика од Хиос и сафран од Кожани). Elixirio е типична продавница од овој вид.
Elixiro
Традиционални производи, рачно изработени предмети од внатрешноста и алат може да најдете во блиските Мали Продавници на Аморгос (To Magazaki tis Amorgou) опкружени со продавници за храна.
The Little Shop of Amorgos
Огладневте? Одлична Атинска таверна, исто така наградена од Trip Advisor, се наоѓа на плоштадот Theatrou веднаш под централниот пазар (Varvakios Agora). Таверната Klimataria, отворена во 1927 година, е популарна кај локалните жители кои бараат автентично мезе, стимулирачки „kefi“ (ќеф), па дури и танцување во придружба на звуците на Ребетико (Rembetika)… и се разбира retsina, локално вино од Атика, сервирано на правилен начин: директно од буре.
Klimataria   klimataria-tavern-athens
Поздрав и се гледаме во Атина! Обидете се следниот пат да останете подолго 😉
Софија Николау

Настани

Балкон 3 Џубокс