Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

Бродвејскиот мјузикл Ени стигна во Македонија

by | Sep 26, 2013 | Настани

THE BOOGIE MAN

THE BOOGIE MAN

За оние кои се помалку упатени, Ненад Цветичанин – Цепи е музичар, романсиер, преведувач и новинар со завиден стаж од речиси четириесет години музичко авторство. Цепи е еден од ретките музичари кој активно учествувал во обликувањето музиката и на естетискиот образ на...

read more
АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКА за користење видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права

АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКА за користење видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права

Невладината организација КОНФИДЕНС (www.balkon3.com) ве поканува да аплицирате за обука за користење видео содржини како начин за мониторирање и документирање на човековите права на локално и национално ниво. Овие обуки се предвидени за новинари и граѓански активисти...

read more
ПОЗНАТИОТ АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ДОКАЖА ДЕКА СПРЕЈОТ СО ЛИЗОЗИМ ГО БЛОКИРА РАЗВОЈОТ НА КОРОНА ВИРУСОТ

ПОЗНАТИОТ АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ДОКАЖА ДЕКА СПРЕЈОТ СО ЛИЗОЗИМ ГО БЛОКИРА РАЗВОЈОТ НА КОРОНА ВИРУСОТ

Тукушто објавените резултати од испитувањето на Одделот за микробиологија и имунологија на Универзитетот во Северна Каролина во САД, потврдија дека Lysobact P Spray® што го произведува компанијата Босналијек од Босна и Херцеговина го спречува развојот на глувчешкиот...

read more

Бродвејскиот мјузикл Ени стигна во Македонија

by | Sep 26, 2013 | Настани

Едногодишната макотрпна работа, апсолутната посветеност и пред се безусловната љубов кон балетската уметност на кореографот Александра Никифоровски, се заслужни што в недела на големата сцена на МОБ, премиерно ќе се изведе балетската претстава Ени, работена по мотиви од прекрасниот мјузикл Ени од далечната 1976 година. Со оваа премиера Македонската опера и балет ја отвора сезоната 2013/2014. За инспирацијата за оваа балетска претстава, за емоциите и за сета своја енергија што целосно ја внесува во оваа уметност, Никифорофски зборува за читателите на Балкон3.
Eni plakat
Што ве инспирираше да ја направите Ени?
-Се што творам е од мојот реален живот. Јас не измислувам фиктивни приказни, но за да одговорам на Вашето прашање, морам приказната да ја вратам малку порано, пред Ени. Веќе неколку години успешно соработувам со Домот за деца без родителска грижа „11 октомври“. Во моето училиште за балет – Булфрогс, од неколкуте девојчиња кои почнаа да се занимаваат со балет, остана едно, кое е посебно талентирано и вистински го сака и ужива во балетот. Со задоволство можам да кажам дека тоа девојче е мојата инспирација да ја создадам македонската верзија на Ени.
Proba4
Како почнавте да соработувате со Домот 11 Октомври?
-Кога го отворив училиштето Булфрогс во 2009 година, почнав да работам само со 4 девојчиња. Имав чувство дека треба да сторам нешто повеќе, па така еден ден едноставно седнав во својот автомобил и отидов во Домот за деца без родителска грижа, каде што на мое огромно задоволство директорката веднаш го прифати мојот предлог за соработка. Веќе реков, почнаа повеќе девојчиња, но остана само едно и ние сме сега како семејство. Токму емотивната поврзаност со неа ја создаде балетската претстава Ени.
Каква е вашата визија за 13-годишната балерина од Домот 11 октомври?
-Да бидам искрена, јас неа ја гледам како прима балерина. Таа секако ќе продолжи во средно балетско училиште,  а понатаму и на Балетска академија. Токму за таа цел дел од средствата од продадените билети ќе бидат наменети за нејзиното понатамошно образование.
Proba Proba6
Ќе ни кажете ли нешто повеќе за Булфрогс?
Во моето училиште има околу 80 девојчиња кои се поделени во неколку групи во зависност од возраста. Се изучува класичниот балет, а јас и моите соработници несебично и целосно ја внесуваме и енергијата и знаењето на секој час. Децата тоа го гледаат и учат. Кај нив нема љубомора, иако мора да кажам дека постои натпревар со цел да бидат се подобри и подобри за да добијат некоја од улогите кога работиме конкретен проект.

Колку време го работите овој проект?
-Ени ја работам речиси цела година. Конкретно станува збор за копродукциски проект на Булфрогс и МОБ, а финансиски е поддржан од Министерството за култура. Во проектот Ени, освен моите девојчиња, како што јас си ги нарекувам, учествуваат солисти од Македонскта опера и балет. Всушност, главните улоги на возрасните ликови во претставата ги играат балерини и балетани од МОБ, а во ансамбловите игри учествуваат гости од Република Бугарија. Соработката со МОБ е од огромно значење, па таа подразбира дека ЕНИ ќе се игра на големата сцена во МОБ, секојдневните проби се одвиваат во една од салите на МОБ, а секако имаме голема помош за костимите, за сценографијата.
Proba1
Колку се сака и колку се почитува балетот кај нас?
– На мое задоволство, во последно време се повеќе. Тоа го гледам и по бројот на моите ученици кои од година в година се зголемува, а и по односот на родителите кои на своите деца сакаат да им пренесат вистински вредности. Огромно е задоволството да се создаде едно балетско дело кое ќе ве остави без здив, не само заради техничи одличната игра, туку пред се заради емоциите што ќе ги предизвика кај публиката. Верувам дека токму ЕНИ ќе има таков ефект в недела кај сите кои ќе присуствуваат на премиерата  во МОБ.
А.Б.

Настани

Балкон 3 Џубокс