За оние кои се помалку упатени, Ненад Цветичанин – Цепи е музичар, романсиер, преведувач и новинар со завиден стаж од речиси четириесет години музичко авторство. Цепи е еден од ретките музичари кој активно учествувал во обликувањето музиката и на естетискиот образ на...
Доделување на награди – AltcineAction 2013
АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКА за користење видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права
Невладината организација КОНФИДЕНС (www.balkon3.com) ве поканува да аплицирате за обука за користење видео содржини како начин за мониторирање и документирање на човековите права на локално и национално ниво. Овие обуки се предвидени за новинари и граѓански активисти...
ПОЗНАТИОТ АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ДОКАЖА ДЕКА СПРЕЈОТ СО ЛИЗОЗИМ ГО БЛОКИРА РАЗВОЈОТ НА КОРОНА ВИРУСОТ
Тукушто објавените резултати од испитувањето на Одделот за микробиологија и имунологија на Универзитетот во Северна Каролина во САД, потврдија дека Lysobact P Spray® што го произведува компанијата Босналијек од Босна и Херцеговина го спречува развојот на глувчешкиот...
Доделување на награди – AltcineAction 2013
Како што и претходно напоменавме, интернационалната филмска платформа Алтсин го организира интернет фестивалот за кратки филмови, AltcineAction. Фестивалот помина успешно, со повеќе стотици критики кои се пишуваа до 27ми септември. Младите продуценти на краткотрајни филмови навистина добија вкус од тоа како е да се биде славна личност во Светот.

По тој повод, Балкон3 и Алтсин, во соработка со Грчката Филмска Архива со гордост и задоволство Ве покануваат на церемонијата на која ќе се доделуваат наградите. Церемонијата ќе биде одржана во просториите на Грчката Филмска Архива во Атина. Настанот ќе се одржи на 3ти октомври со почеток во 19 часот и 30 минути по локално атинско време. Бидете дел од најголемата филмска манифестација на Балканот!

Тука ќе ја добиете шансата да се запознаете со сите учесници, многу критичари и рецензенти, организаторите, како и со претставници од културната сфера на Грција и Балканот. Уште една убава работа околу оваа манифестација е што ќе бидете во можност да вкусите и дегустирате прекрасни вина направени од малите произведувачи на вино во Грција, но со големи количини на љубов. Бидете таму!

Благоја Стаматовски






