Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
ЛИМОНАДА СКОПЈЕ – АТИНА
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
ЛИМОНАДА СКОПЈЕ – АТИНА
Пред многу години, при посета на едно предградие на Скопје, бабата на една моја пријателка ми понуди лимонада со одличен вкус.
Имаше прекрасен благо/горчлив вкус, поради кората од лимон и портокал која ги ставила во подготовката на пијалокот, но јас мислам дека тајната на нејзиниот пијалок е овошјето кое беше свежо набрано од нејзиниот овоштарник. Откако го сподели својот рецепт со мене таа појасни дека: најважно е овошјето да не биде загадено со пестициди! Па така, ако не сте доволно среќни да имате свој овоштарник ќе мора да се задоволите со органското овошје од локалниот пазар.
Од тогаш јас многу експериментирав со овој рецепт. Додавав цимет, ѓумбир, исто така додавав и горчлив портокал, цитрус, лимета итн. Еднаш дури и додадов сируп од вишна заради преубавата боја. Но сепак дојдов до заклучок дека нема ништо подобро од обичниот и скромен лимон.
Самиот лимон го дава најубавиот и најчистиот вкус, сепак тој е причината зошто домашната лимонада е најпопуларниот пијалок во летните жештини. Единствениот додаток кој го препорачувам е малку нане, но и тоа зависи од вашиот вкус.
Тоа е тоа, Атинската верзија на освежувачкиот пијалок од Скопје.

Состојки:
6 лимони(средна големина)
750гр шеќер
Вода
6-8 свежи ливчиња нане(по избор)
Подготовка
Измијте 4 лимони, исушете ги со крпа и ставете ги во фрижидер на 10 минути. Потоа исечете ги на парчиња и извадете ги семките(оставете ја лушпата). Ставете ги во блендер додека не се направи пулпа, исцедете го сокот од двата останати лимони и ставете ја пулпата на страна.
Ставете го шеќерот во голем сад и додадете вода само колку да се покрие шеќерот, сега е добар момент да се додадат ливчињата нане (доколку ги користите). Смесата ја вриеме 5 минути, ја тргаме од огин и ги вадиме ливчињата нане и се додава пулпата и сокот од лимон. Сега би било убаво да проверите колку е блага смесата и по вкус да додадете шеќер (доколку е потребно).
Ставете 2 литри вода во садот, покријте го со капаче и оставете го да стои 4 часа, Исцедете го со цедилка во стаклени шишиња, затворете ги шишињата и ставете го сокот во фрижидер.
Се служи со многу мраз и неколку ливчиња нане.

Уживајте!
Софија Николау






