Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

“SAKURA ZENSEN” – КОГА ЌЕ РАСЦВЕТААТ ЈАПОНСКИТЕ ЦРЕШИ ВО СКОПЈЕ

by | Apr 10, 2016 | Галерија, На Балкон, Патувања

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...

read more
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...

read more
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА:  „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...

read more

“SAKURA ZENSEN” – КОГА ЌЕ РАСЦВЕТААТ ЈАПОНСКИТЕ ЦРЕШИ ВО СКОПЈЕ

by | Apr 10, 2016 | Галерија, На Балкон, Патувања

Кога ќе расцветаат јапонските цреши посетуваат на шармантни сцени од бајките, имаат нешто повеќе од само обична убавина… може да се каже дека тоа е чудо на природата.DSC_0128Црешите имаат посебно место во јапонската култура. Расцветувањето на јапонските цреши го симболизира почетокот на еден нов живот. Во Јапонија се одржуваат двонеделни фестивали во 11 градови. Празникот на црешите во оваа земја, го регулира и животот на луѓето. Во тие денови се утврдува датум за брак, се започнува бизнис, поточно кажано овој период преставува пресвртна точка во животот на Јапонците.DSC_0211Бидејќи се симболот на убавината и естетиката, кога ќе расцветаат, Јапонците, со единствена цел, само за да ги видат цветовите заедно со своите семејства, пријателите ги посетуваат парковите, градините, храмовите.DSC_0187Црешите потсетуваат и на минливоста на животот. Со векови наназад поетите, музичарите инспирација наоѓале токму во сакурите.DSC_0216Симбол за ова дрво кај нас е улицата Максим Горки, која е најубава во Скопје токму во периодот кога јапонските цреши се расцветани. Затоа Балкон3 ја посети улицата, и секако, објективот го намести така што убавината на розевите јапонски цреши ги спои со прекрасните, стари балкони, на убавите стари скопски згради. Уживајте во фотографиите!
DSC_0139 DSC_0147 DSC_0193 DSC_0196

Настани

Балкон 3 Џубокс