Манастирот Свети Пантелејмон, изграден во XII век, е еден од најстарите и најзначајните манастири во Македонија. Свети Пантелејмон се наоѓа во селото Горно Нерези на осум километри југозападно од Скопје. До него може да се дојде од две страни,...
Кафулето Ван Гог, во Скопје е познато исто толку колку што е сликарот Ван Гог познат во Холандија. Или што би рекол нашиот пријател Васко Марковски: “Ван Гог не е само име на кафуле во Скопје. Денес тоа е веќе топоним.“ Постои од 1986 година,...
Менада е авангардниот бастион на Скопје. Местото кое во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век беше едно од главните „андерграунд“ собиралишта во градот, од пред неколку години повторно е редовна ноќна станица за многумина....
Даут Пашин Амам e историски споменик на Исламската култура и убав пример на Исламска архитектура. Амамот е изграден од Даут Паша во втората половина на 15 век. Градбата првобитно била поделена на машки и женски дел и имала површина од 900 метри квадратни. Во 1948 година Амамот бил реставриран и адаптиран за својата нова функција-уметничка галерија. Даут пашин амам се наоѓа во центарот на градот, во близина на Камениот мост, Старата скопска чаршија и Калето. Со својата местоположба, монументалност и извонредна архитектура делува импозантно во просторот кој што претставува историско јадро на градот.
По Втората светска војна амамот е реставриран и пренаменет во Уметничка галерија (1948), која што подоцна ќе прерасне во Национална галерија на Македонија. Денес во Даут пашиниот амам е сместена Постојаната поставка на македонската ликовна уметност XIV-XX век.
Оваа поставка практично претставува единствено место каде што може да се види развојот на ликовната уметност во Македонија, од средновековните икони до најнови дела од крајот на дваесетиот век.