Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
Меѓународна премиера на Me Sijum Underground во Стариград Пакленица
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
Меѓународна премиера на Me Sijum Underground во Стариград Пакленица
Дојде и тој ден. На 6 август, во прекрасниот амбиент на јадранското крајбрежје, во рамките на популарниот филмски фестивал Стариград Пакленица ќе се случи меѓународната премиера на првиот документарен филм во продукција на Балкон3, „Јас сум андерграунд“ („MeSijumUnderground“). Филмот ќе биде прикажан во делот од програмата наречен „македонска недела“, во чии рамки публиката ќе има можност да види 13 музички документарци од Македонија.

Фестивалот во Стариград крај Пакленица, кој ќе трае од 2 до 7 август, се одржува петта година по ред и прерасна во еден од најомилените филмски фестивали во Хрватска и во регионот. Се разбира, за тоа придонесуваат интересната и квалитетна филмска и музичка програма, но и уникатниот амбиент под отворено небо во кањонот Пакленица. Годинава фестивалот ќе биде отворен со проекцијата на легендарниот „Како је пропао рокенрол“ по повод 25-годишнината од премиерата на филмот.
Традиционално настанот ќе биде зачинет со одлична музичка програма со настапите на: Која & Тресе лупа удара, The Beat Fleet и Тончи Хулиќ & Madre Badessa. Во жири комисијата ќе бидат легендарниот македонски гитарист Влатко Стефановски, словенечкиот музичар Мањифико и американскиот режисер, сценарист и продуцент Roger Ross Williams, кој во 2010 година доби Оскар за документарецот Music by Prudence.

Филмот „Јас сум андерграунд“ („Me Sijum Underground“) е интересна музичка приказна за еден од најоригиналните македонски бендови, Шутка Рома Рап. Или како што ние во Балкон3 ја опишуваме во една реченица: забавна приказна полна надеж.

Неколку дена по проекцијата на фестивалот Стариград Пакленица ќе имате можност да го погледнете целиот филм на нашиот сајт. Дотогаш, ѕирнете го трејлерот 🙂






