Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

Кампања на „Езерки“ за собирање средства за турнеја низ Македонија

by | Jun 6, 2017 | На Балкон, Настани

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...

read more
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...

read more
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА:  „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...

read more

Кампања на „Езерки“ за собирање средства за турнеја низ Македонија

by | Jun 6, 2017 | На Балкон, Настани

„Езерки“ и „Седум Осмини“ преку crowdfunding кампањата собираат средства за турнеја низ Македонија

Етно групата „Езерки“ од Хрватска, еден од најпознатите балкански етно состави кои ја негуваат македонската изворна и староградска музика покренаа кампања за собирање парични прилози преку crowdfunding платформата Indiegogo за да обезбедат средства за турнеја низ Македонија.
За концертите во Македонија оваа есен, на „Езерки“ и на оркестарот „Седум Осмини“ (7/8) им се потребни 5.000 долари за трошоците на турнејата, а до сега се собрани една третина од потребните средства. За да ги поддржите кликнете на линкот https://igg.me/at/ludizamakedonijom/x/5601403
Езерки настапуваат заедно со оркестарот Седум Осмини (7/8) и повеќе од 20 години изведуваат традиционална македонска музика во современи аранжмани и така ја чуваат од заборав.
https://youtu.be/mf1H3RtD6x0?t=3
Тие се една нетипична, интересна формација од 20-тина членови од сите возрасти, различно потекло, професии и големина. Но, на сите им е заедничко што ја сакаат македонската музика и оригиналниот 7/8 ритам. Сите од нив лудуваат за Македонија, а тоа е насловот и на документарниот филм за нив, чија премиера се очекуваа оваа есен.
„Езерки се најдоброто нешто што на Македонија и се има случено надвор од нејзините граници. Тие се цврста алка што го држи мостот меѓу Хрватска и Македонија“, има изјавено за нив во една од своите рецензии познатиот македонско-хрватски композитор Љубомир Бранѓолица.
Зад „Езерки“ се четири студиски албуми и еден концертен: „Бакнеж“, „Мустра“, „Амфитеатар“, „Livingroom“, „Спектакл“.
Имаат одржано неколку големи концерти во Лисински во Загреб, во Скопје, а гостуваат низ градовите на цела поранешна Југославија
Сепак, како што велат, најдраги им се настапите во Македонија, лулката на музиката што ја сакаат и исполнуваат. За оваа есен имаат покани за гостување во Скопје, Тетово, Охрид и Ресен. За да ги обезбедат средствата им е потребна поддршка со собирање на минимални средства од што поголем број на луѓе.
За да ги поддржите кликнете на линкот https://igg.me/at/ludizamakedonijom/x/5601403
И со уплата на саканиот износ или споделување на информацијата низ социјалните мрежи, усно или со песна, помогнете.
Да ги поддржиме!
Лице за контакт: Сандра Влашиќ sandra.vlasiczg@gmail.com

Настани

Балкон 3 Џубокс