Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

Историски места во Истанбул…Саматја

by | Nov 20, 2013 | На Балкон, Патувања

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

В СРЕДА СТАРТУВА 21. ИЗДАНИЕ НА OFFEST

Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...

read more
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација

ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...

read more
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА:  „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА

Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...

read more

Историски места во Истанбул…Саматја

by | Nov 20, 2013 | На Балкон, Патувања

Речиси 40 години сум граѓанин на Истанбул, затоа чуствувам должност да раскажувам за Истанбул. Мојата прва репортажа ќе биде во друштво на турско кафе со малку шеќер. Тоа ви го препорачувам и на Вас. Кога ќе излезете да прошетате меѓу мирисите на анасон и риби, однапред заслужувате да се напиете едно кафе.samatya
Знам дека воведот во репортажата е малку романтичен, но морам да кажам дека овој дел е важен затоа што стотици години Грците, Ерменците и Турците овде живееле во мир,  и затоа станале херои на романтичните приказни на Саматја…
samatyaev ss1
Во Саматја има само еден плоштад, кој во историјата бил сведок на големи љубови, кавги, непријателства, пријателства… Но, секогаш мирисал на море, и.. можеби се што било негативно било однесено од морското ветре, кое секогаш ги освежувало нивните истории, им давало надеж.
Yedikule
На западниот дел од Саматја се наоѓа Једикуле, а на исток Јеникапи.Чаршијата и пазарот во деновите кога е ветровито мириса на море, а занаетчиите секогаш се топло расположени на ова место. Покрај историските градби и цркви, таверните стари стотици години се уште една дополнителна причина да се посети ова место.
safa
Во периодот кога рибата ја има премногу, сардината и паламидата се заменуваат со сината риба. Посетете ги тезгите на рибарот Садетин и Тома и разгледајте ги рибите. Ако имате потреба од одмор посетета ја 100 години старата меана САФА. Ако душата ви посака школки, (ако не посака, нека посака), посетете го специјалното место за школки “Midyeci Arap” koj подготвува долми од школи и тава од школка.
САФА била била изградена во 1895 година, а меаната ја водел Грк. Во ова историско и прекрасно место со висок таван,  секако мора да нарачате албански џигер.
Го наполнивме стомакот, па сега е време да го запознаеме местото. Покрај авенијата Мармара се наоѓа Црквата Сурп Кеворк (воден манастир), која е една од најважните и најпрестижните византиски цркви во тоа време. Во градината има еден прекрасен бунар. Од таму го добива и името воден манастир. Се верува дека оваа вода е добра за очни болести. Во 1461 година манастирот  се дава на ерменската заедница како Патријаршија, а во 1866 години во голем пожар гори до темел и потоа повторно се гради.Armenian patriarchate
Матја на грчки значи око, па ако имате време посетете го кафичот Матја со автентична и интересна декорација, која се наоѓа под една стара грча куќа. Задолжително треба да се посети и Једикуле каде што појадоците се придружени со свежи салати од копар, босилок, се  многу познати. Но, веќе од поодамна ги нема свежите градини и овоштарници кои тркалата на капитализмот  ги зеде како курбан.
Другата стара црква е Св. Мина, се вели дека е од 4 или 5 век. Гробиштата на двајцата светци (Карпош и Папилос) се наоѓаат тука. На ред е Ага амамот, дело на Мимар Синан. Амамот е изграден во 1542 година, но потоа била оставен на својата судбина. Во 2008 години се обновува,  но бидејќи е даден под кирија на приватно лице, повеќе не се користи. Всушност сакав да ве запознам со уште многу локали на ова место особено и ќепабчилницата која е многу позната но, би сакал да не навлегуваме во тие води, започнавме со риба да завршиме со истата.
ss4Во ова населба има рибарски музеј во кој и јас сеуште немам отидено. Мислам дека е единствениот музеј за риби во земјата. Сместен е во засолништето за риби Коџамустафапаша, основач на музејот е г-динот Хајдар Дениз, може да претпоставите дека се работи за љубител на риби. Повторно можете да претпоставите дека немал никаква поддршка од државата или од приватниот сектор. Музејот е потполно личен напор, јас секако дека еден ќе го посетам овој музеј и ќе ги видам 650 вида морски животни. Се надевам дека понатаму нема да бидам принудена да го видам само музејот.
Нилуфер Акча

Настани

Балкон 3 Џубокс