Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
ДА ТИ НАЦРТАМ: Корупција на мало
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
ДА ТИ НАЦРТАМ: Корупција на мало
Братучетката успеала да се вработи преку партијата, а нема поим од работата што треба да ја врши. Браво, секоја чест! Ама – кога следниот пат ќе загубите цел ден, две третини од нервите, а и некоја пара на шалтерите и низ ходниците на државните служби, тоа е зашто зад вратите седат нејзините колеги, вработени на ист начин.
Имам една пријателка што постојано се вози со службеното возило, од работа си носи хартија за печатење и се што може да искористи. Браво, секоја чест! Ама – ако нема ќебе во болницата, парите отишле за бензинот и на пријателката.
Школскиот другар го исчистил целиот подрум. Но не ги чекал комуналните служби. Се снашол и најмил некој со камионче да му го исфрли ѓубрето во реката, за неколку стотки. Браво, секоја чест! Но следната есен, купи си вреќи со песок или кофи за црпење вода, ако затрупаната река се излее.
Ситната корупција не е проблем само поради директните штети што ги нанесува. Многу поголем проблем е што таа ја поттикнува културата на корупција. Поттикнува општество во кое не е важно дали се почитуваат правилата што се добри за сите, туку секој се обидува да искористи колку што може. Со таквата свест, борбата против крупната корупција е речиси невозможна, а државниот систем се повеќе ќе тоне.






