Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

Македонска куќа

by | Jun 20, 2014 | Кујна, Локации | 0 comments

Во Македонија се што расте е чудесно – Балкон3 интервју со Златко Гал

Во Македонија се што расте е чудесно – Балкон3 интервју со Златко Гал

„Да јадеш само интегрални житарици, некои зелени листови, да пиеш Евиан вода и трчаш 50 километри дневно. Ебати таквиот живот, не е тоа живот“ - Балкон3 интервју со Златко Гал, хрватски новинар, коментатор, еден од највлијателните рок критичари во Хрватска, легенда....

read more

Новогодишни празници на грчки начин

За некои тоа е начин да се избега од мрачната зима и сè потешкото секојдневие, за други е можност за духовно напредување и добротворство. Во Грција претераниот конзумеризам веќе започнува да се подвлекува пред потребата да се прославува заедништвото за време на...

read more

ДА ТИ НАЦРТАМ: КАКО СЕ РАЃА ЛЕБОТ!

Без професионални институции што се способни да ја извршуваат својата работа, и кои се посветени на служењето на граѓаните, ниту леб нема да имаме да јадеме. Како лебот стигнува до нашата трпеза? Наједноставно, некој оди во продавница, купува леб, и го става на...

read more

Македонска куќа

by | Jun 20, 2014 | Кујна, Локации | 0 comments

Error: map could not be loaded - a map with the ID does not exist. Please contact the site owner.

„Македонска куќа“ е еден од ретките ресторани во Скопје кој може со гордост да се пофали дека го заслужува епитетот „национален“. Иако објектот од надвор не е баш репрезентативен, веднаш штом ќе влезете во ресторанот ќе добиете чувство дека станувате дел од една прекрасна приказна. Автентичниот ентериер збогатен со многу детали од богатата културна традиција ве враќа во минатото и дава впечаток на топло и пријатно место.
makedonska kukja 1_balkon3 mapi  makedonska kukja 2_balkon3 mapi
Додека вашето сетило за слух ги впива нотите на познатата македонска староградска народна музика, вашето сетило за вкус ќе биде изложено на вистински хедонистички предизвик. Гравче тавче, пинџур, турлитава, ширден, селско месо се специјалитети кои Ви препорачуваме да ги пробате. Секако за љубителите на месо има различни видови скара. Што и да изберете, од „Македонска куќа“ ќе си заминете со полн стомак и полна душа.

Настани

Балкон 3 Џубокс