Error: map could not be loaded - a map with the ID does not exist. Please contact the site owner.
Еден од првите вистински пабови во Скопје, со
голем избор на пива и мезиња и вистинска пабска атмосфера и шарм. Ирскиот паб „Сент Патрик“ постои од 2000 година и се наоѓа на кејот на Вардар во ист ред со уште десетина кафулиња и ресторани.

Важи за едно од омилените места на љубителите на пиво во градот, но и за странските навивачки групи. Кога се играат значајни фудбалски натпревари
во ирскиот паб е како на стадион. Гостите доаѓаат облечени во дресовите на своите омилени тимови, пеат навивачки песни, скандираат. Кога нема фудбал, пабот е
фино место за муабетење со пријателите, нормално со ладно пиво и топло мезе. Храната е пристојна, а Ви препорачуваме да ги пробате пилешките прсти и похованиот кромид, кои најчесто се запишани на списоците со нарачки на келнерите.