Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

Шутка

by | Jun 7, 2014 | Локации, Патувања | 0 comments

Македонија има безброј уникатни “скривалишта“

Македонија има безброј уникатни “скривалишта“

Во Македонија има безброј уникатни „скривалишта“ во кои може да престојувате сами, со вашиот партнер или партнерка, семејството или пријателите. Платформата „Кајак.мк“ има одлични совети за патување и сместувања, дел од нив затскриени од јавноста, далеку од градските...

read more
Андерсон .Паак го отвори последното издание на „Дименжнс“

Андерсон .Паак го отвори последното издание на „Дименжнс“

Со спектакуларен настап во пулската Арена, американскиот хип-хоп артист, добитник на Греми за 2018, Андерсон .Паак синоќа го отвори последното издание на фестивалот на електронска музика „Дименжнс“. Поддржан од својот осумчлен бенд „Д фри нешналс“, .Паак направи...

read more

Новогодишни празници на грчки начин

За некои тоа е начин да се избега од мрачната зима и сè потешкото секојдневие, за други е можност за духовно напредување и добротворство. Во Грција претераниот конзумеризам веќе започнува да се подвлекува пред потребата да се прославува заедништвото за време на...

read more

Шутка

by | Jun 7, 2014 | Локации, Патувања | 0 comments

Error: map could not be loaded - a map with the ID does not exist. Please contact the site owner.

Секој град во светот има населби кои се разликуваат од остатокот од градот. Населби за кои добивате впечаток како да се паднати од небо или едноставно донесени од негде и додадени во тој град. И Скопје има таква населба – Шутка. Опеана во многу песни, прикажана низ десетици филмови, раскажана во безброј приказни, Шутка е една и единствена. Движејќи се меѓу трошните куќарки со разнобојни фасади, ќе добиете впечаток дека сте заталкале во специјално изградена населба за сценографските потреби на некој холивудски филм.
shutka_balkon3 mapi
Шуто Оризари е единствената „ромска“ општина во светот, но за жал и најсиромашната во Македонија. Сепак, нејзините жители се едни од највеселите и најраспеаните луѓе кои сте ги виделе. Во Шутка ечи музика од сите страни, таму секој знае да свири на барем еден инструмент. Локалните жители ќе ви дозволат да се паркирате во нивниот двор за симболичен надоместок од 30 денари (0,5 евра), а на најголемиот отворен пазар за облека во Македонија можете да купите евтини парчиња, кои во најголем дел потекнуваат од Турција.

Настани

Балкон 3 Џубокс