Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
Езерото Треска на милост на времето
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
Езерото Треска на милост на времето
Езерото Треска според сите изгледи и оваа сезона ќе остане без посетители. Граѓаните велат дека и годинава во езерото ќе се разладуваат комарците, бидејќи е претворено во мочуриште и воопшто не е безбедно за капење.

Но, и покрај таквата мизерна состојба, граѓаните одвреме – навреме го посетуваат езерото Треска. Некои од нив со семејствата излегуваат на чист воздух и на скара. Неколкуте граѓани кои ги сретнавме за време на викендот, рекоа дека е жално што надлежните се однесуваат на ваков начин со овој рекреативен центар, кој според нив, е изграден со пари на граѓаните, а сега е оставен да се распадне без никој да се грижи за него.

„Некогаш ова место беше оаза за сите скопјани, но и за жителите на околните градови. Денеска тие треба да патуваат стотици километри за да одат до Охрид, Струга или Дојран. Сето ова поради небрежноста на одговорните за да го стават во функција езерото“, ни рече еден граѓанин од Скопје што го сретнавме во близина на езерото.
„Водата не е чиста и има бактерии. Местото треба да заживее и луѓето да доаѓаат за да се одморат и да се разладуваат, да се капат и сончаат, да дојдат на скара. Со еден збор, да уживаат“, вели друг граѓанин.

За да се врати сјајот на ова езеро, потребно е да се сменат многу нешта. Можеби најпрвин треба да се тргне од тоалетите, а потоа сето останато, бидејќи се` е запоставено.
Граѓаните ги прашуваат и локалните власти и нивните претпоставени зошто на пример се прават нови плажи во центарот на градот, а никој не се обидува да го стави во функција овој центар, кој во секое време може да собере до 10 илјади посетители.

Според надлежните, потребни се околу 5 милиони евра за целосна ревитализација на овој комплекс.
Езерото Треска е изградено во 1978 година. Комплексот се простира на површина од 35 хектари, од кои еден дел се зелени површини, а другиот дел се водени површини. Овој рекреативен центар активно функционираше до 1989 година.
Бедри Реџалари






