Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
Жив покрај својот гроб
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
Жив покрај својот гроб
Необичен настан, што јас би го нарекол феномен, се случи во косовската престолнина, Приштина, поточно, во населбата Арберија во Приштина.
Ако ви се укаже можноста да минувате покрај христијанските гробишта или пак специјално одите во населбата Арберија да ги посетите тие гробишта, таму ќе го најдете и гробот на академикот Марк Красниќи, позната личност не само во Косово, туку во сите краишта каде што живеат Албанци, па и пошироко.
На гробот на академик Красниќи, во мермер е насликана неговата слика, врежано неговото име, датумот на раѓање, но го нема датумот кога тој умрел. Ова не е случајност и не дека заборавиле да го стават и датумот на смртта, туку затоа што тој се уште е жив и здрав.
Во косовските медиуми и во интернет последните неодамна се појави негова слика каде тој е до неговиот гроб. Не како дух, туку вистински, го гледа неговиот гроб. Академик Красниќи вели дека се чувствува многу добро, дури и е задоволен, бидејќи знае каде ќе живее вечно.
“Ова се вика, да му копаш гроб на самиот себе. Бог да го прости“, вели тој низ шега. Смртта за него е нормална работа и дека човекот е осуден да умре.
Многумина сакаа да дознаат дали тој предвреме си направил гроб можеби затоа што во Косово е проблем гробното место, па гробот треба да се обезбеди порано или постои некоја поинаква негова филозофија? Познатиот академик на овие дилеми мирно одговара дека луѓето многу повеќе се грижат за своите куќи и станови, додека малку внимание посветуваат на местото каде што ќе поминат малку подолго време.. цела вечност.
“Бидејќи ние Албанците во животот сме преокупирани како да изградиме куќа, што поубава и подобра, да имаме покрив над глава, зошто да не изградам една модерна куќа како што е мојот гроб? Смртта е нормална работа, тоа е крајот на животот што мене воопшто не ме плаши“.
Бедри Реџалари






