Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

Фанови од Грција на Ману Чао во Македонија

by | Sep 21, 2013 | Настани, Патувања

Македонија има безброј уникатни “скривалишта“

Македонија има безброј уникатни “скривалишта“

Во Македонија има безброј уникатни „скривалишта“ во кои може да престојувате сами, со вашиот партнер или партнерка, семејството или пријателите. Платформата „Кајак.мк“ има одлични совети за патување и сместувања, дел од нив затскриени од јавноста, далеку од градските...

read more
THE BOOGIE MAN

THE BOOGIE MAN

За оние кои се помалку упатени, Ненад Цветичанин – Цепи е музичар, романсиер, преведувач и новинар со завиден стаж од речиси четириесет години музичко авторство. Цепи е еден од ретките музичари кој активно учествувал во обликувањето музиката и на естетискиот образ на...

read more
АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКА за користење видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права

АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКА за користење видео содржини како алатка за мониторирање и документирање на човековите права

Невладината организација КОНФИДЕНС (www.balkon3.com) ве поканува да аплицирате за обука за користење видео содржини како начин за мониторирање и документирање на човековите права на локално и национално ниво. Овие обуки се предвидени за новинари и граѓански активисти...

read more

Фанови од Грција на Ману Чао во Македонија

by | Sep 21, 2013 | Настани, Патувања

На наша среќа и општо задоволство, денес во Скопје настапува легендарниот Ману Чао. Скопското лизгалиште ќе биде повторно центар на светот за почитувачите на ликот и делото на поранешниот фронтмен на Мано Негра кои ќе уживаат во Me gustas tu, Clandestino, Mi vida, Welcome to Tijuana…  Во секој случај еден од оние забавни концерти.

Manu-singing-close-up
Информациите велат дека голем број музички туристи ќе дојдат во Скопје за да бидат сведоци на, се надеваме, уште еден незаборавен настап на оваа музичка легенда.
Група фанови од грчкиот град Волос, во организација на алтернативната рок радио станица Лос Алмирос доаѓаат во Скопје, а Балкон3 им посакува добредојде. Радио станицата го добила своето необично име од зборот „Алмирос“ кој се преведува во „солен“. Патувањето за концертот со Лос Алмирос не е воопшто скапо, во споредба со други патувања организирани од агенции, и се чини дека е доста забавно бидејќи сите луѓе кои патуваат ја имаат мислата „музиката ги обединува луѓето“ во своите глави.
manu chao bus
Ова само колку да истакнеме дека се случува и обратен процес во поглед на музичкиот туризам. честа глетка во нашата земја се полните автобуси со фанови на музиката кои патуваат да ги видат своите омилени групи како настапуваат во живо кај некој од нашите земји-соседи. Најчести дестинации за ваквите музички туристи се главните и поголемите градови во нашите земји-соседи. Солун, Белград, Нови Сад, Софија, Атина итн. се навистина градови во кои има многу музички случувања.
Убаво е што може да се види дека не само македонските фанови патуваат далеку да ги видат своите омилени групи, пејачи, туку и нашите соседи би дошле да уживаат на концерт или друга културна манифестација во Македонија. На сите што ќе одат на концертот им посакуваме да си поминат убаво и незаборавно.

Благоја Стаматовски

Настани

Балкон 3 Џубокс