Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
НОВАТА ГОДИНА НЕ ЈА ДОЧЕКУВАЈТЕ БЕЗ КАЛИНКА!
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
НОВАТА ГОДИНА НЕ ЈА ДОЧЕКУВАЈТЕ БЕЗ КАЛИНКА!
Како и во голем број на светски метрополи исто така и улицитe на Истанбул се подготвени за дочекување на новата 2015 година. Одбројувањето за Новата Година започна. Најпрометните делови од градот се украсени со посебни украси и осветлувања. Највеселата ноќ некои луѓе ќе ја поминат во домашна атмосфера со своите најблиски, некои пак според можностите да домашниот буџет во локал или пак ресторан. Една од најпознатитите шопинг места на Истанбул, Нишанташи, ги финишира подготовките за блескавата ноќ. Како и во претходните години и оваа година во Нишанташи најзабавно ќе биде во областите Валиконаги, Абди Ипекчи и Тешвикије.

Новогодишната прослава, под концептот „Зимска бајка во Нишанташи„ ќе ја организира општината Шишли, каде што припаѓа и Нишанташи. На улицата Абди Ипекчи поставен е црвен тепих во ширина од 4 метри и должина од 500 метри. Осветлувањето поставено на улицата прави посетителите да се чуствуваат како естрадните ѕвезди на подиумите.
Вреди да се посетат и 20-те гигантски статуи дизајнирани во различен концепт и бои на познатата дизајнерка, Тувана Бујукчинар. Нишанташи истотака ќе биде домаќин на уличната забава која ќе се оддржи на 31 Декември. На сцената која ќе биде поставена на улицата Абди Ипекчи во текот на ноќта ќе има различни забави и музика. Како и во претходните години, и оваа година илјадници луѓе со голем интерес ја очекуваат уличната забава. Посетителите точно во 24 часот, со огномет ќе ја поздрават новата 2015 година.

Уште една година останува зад нас…Тешко е да се каже дека 2014 година во целиот свет имаше мир, среќа и благосостојба…Исто како што не можевме да кажеме и за претходната година….Во 2014 година војните, конфликтите, гладот, сиромаштијата, природните катастрофи, економскта криза не го напуштија светот…Но, сепак нашата надеж ќе продолжи во 2015 година.

Како и голем број на луѓе што ги познавам и јас како и минатите години, на 1 јануари мојата прва работа ќе биде пред прагот на мојот дом да ја искршам црвената калинка која ја носам во мојата ташна…Прашувате зошто нели?… Според верувањата кое потекнуваат од грчката митологија, кога се влегува во новата година пред прагот на куќата се крши една калинка. Се верува дека искршената калинка пред надворешната врата од домот, ќе донесе бериќет, среќа и просперитет.
Штом ќе влезам внатре, ќе ги отворам прозорите за да домот биде изложен на чист водух… Ладниот и чист воздух во мојот дом ќе допринесе Новата Година да ја започнам свежа и енергична… Се разбира да ги заборавам и непотребните спомени од минатата година…Со надеваме дека во новата 2015 година ќе ни се исполнат сите соништа и дека новата година ќе донесе среќа и мир.
Мине Есен Ергур






