Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
“Евро – Кафе”, за Ѓурѓовден
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
“Евро – Кафе”, за Ѓурѓовден
Традиционално, Денот на пролетта, или Ѓурѓовден и православните и Ромите муслимани секоја година го слават излегувајќи на пикник на зеленило. Оваа година последниот ден од Ѓурѓовден се поклопи со 9 Мај, Денот на Европа. Поради дождливото време, Здружението за развој на ромската заедница Сумнал (види www.sumnal.org) наместо пикник на зеленило, заедно со младите, во просториите на организацијата организираше активност насловена како “Евро – Кафе”.
На дружење со кафе муабет го прославија Денот на Европа и ги изразија своите потреби, размислувања и приоритети од областа на образованието, човековите права и еднакви можности, животната средина, културата и младите.
Целта на активноста беше подигање на европските вредности и принципи и нивната имплементација во реалниот живот во нашата земја.
На прославата традиционално, во духот на празникот и добрососедството беа поканети и гости од амбасадата на САД во Македонија како први комшии. На младите од Сумнал и останатите групи им се придружија Kim Spivak, шефот на одделот за млади и образование во Американската амбасада и Chris Henshаw , Директорот на Националниот демократски институт во Македонија.


(Х.Г.)






