Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
“SAKURA ZENSEN” – КОГА ЌЕ РАСЦВЕТААТ ЈАПОНСКИТЕ ЦРЕШИ ВО СКОПЈЕ
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
“SAKURA ZENSEN” – КОГА ЌЕ РАСЦВЕТААТ ЈАПОНСКИТЕ ЦРЕШИ ВО СКОПЈЕ
Кога ќе расцветаат јапонските цреши посетуваат на шармантни сцени од бајките, имаат нешто повеќе од само обична убавина… може да се каже дека тоа е чудо на природата.
Црешите имаат посебно место во јапонската култура. Расцветувањето на јапонските цреши го симболизира почетокот на еден нов живот. Во Јапонија се одржуваат двонеделни фестивали во 11 градови. Празникот на црешите во оваа земја, го регулира и животот на луѓето. Во тие денови се утврдува датум за брак, се започнува бизнис, поточно кажано овој период преставува пресвртна точка во животот на Јапонците.
Бидејќи се симболот на убавината и естетиката, кога ќе расцветаат, Јапонците, со единствена цел, само за да ги видат цветовите заедно со своите семејства, пријателите ги посетуваат парковите, градините, храмовите.
Црешите потсетуваат и на минливоста на животот. Со векови наназад поетите, музичарите инспирација наоѓале токму во сакурите.
Симбол за ова дрво кај нас е улицата Максим Горки, која е најубава во Скопје токму во периодот кога јапонските цреши се расцветани. Затоа Балкон3 ја посети улицата, и секако, објективот го намести така што убавината на розевите јапонски цреши ги спои со прекрасните, стари балкони, на убавите стари скопски згради. Уживајте во фотографиите!







