Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
Сутлијаш со гриз
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
Сутлијаш со гриз

Ако одамна не сте го правеле овој десерт еве една наша едноставна верзија на приготвување на султијаш која се надеваме дека ќе ве мотивира да го приготвите. Слатко и здраво задоволство кое верувајте ќе го снема многу брзо.
Подготовка
Ставете го оризот да се вари во двата децилитри вода. Во меѓувреме во друг сад измешајте го млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот. Ставете го на тивок оган и бидете внимателни се додека млекото не проврие. Кога оризот ќе биде готов, исплакнете го со ладна вода, добро исцедете го и ставете го во другиот сад со топлото млеко. Гризот измешајте го со две лажици вода и додадете го во млекото. Целата смеса оставете ја уште малку на умерена температура најмногу до 15 минути.
Топлиот сутлијаш истурете го во длабоки тањирчиња и одозгора ставете малку цимет за декорација. Почекајте добро да се олади, а потоа лажичката во раце и уживајте.
250 гр ориз
1 литар млеко(со ниска масленост)
2 децилитри вода
200 гр шеќер
стапче цимет
1 ванилин шеќер
4 лажици гриз
малку цимет за декорација






