Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
Летни музички фестивали – Грција
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
Летни музички фестивали – Грција
Со оглед на тоа што се ближи летото, кое важи за период на одржување на голем број музички фестивали, ова е вистинскиот момент да го испланирате вашиот буџет и да одлучите кој фестивал ќе го посетите. Тимот на Balkon3 истражуваше на таа тема и ви ги препорачува најдобрите летни фестивали во Грција, кои со својата програма, традиција и организација дефинитивно го заслужуваат вашето внимание. Има за сечиј музички вкус по нешто. Се што ви треба е добро друштво, фина организација и добивате гарантирана забава.
River Party (1 до 5 Август, Касториа -Костур)
Оваа година фестивалот се одржува по 34 пат. Традиција која го рангира во еден од најстарите, но и најквалитетните во Европа. Бројот на посетители во просек се движи околу 50 илјади. што е навистина несекојдневно доживување. Освен долгата традиција фестивалот има уште еден адут зошто да го посетите, а тоа е атрактивната локацијата. Самиот фестивал, но и главната кампинг ареа е лоцирана во близина на река, опкружена со многу зеленило и природа. На River Party освен во добра музика ќе може да уживате и во петдневен пикник. Фестивалот се одржува на дваесетина километри од градот Касториа, лоциран во Западниот дел на Грција, одалечен 200 километри од Солун. Познат е по многуте византиски цркви и градби кои датираат од Отоманскиот период. Доволен предизвик во периодот кога ништо поинтересно не се случува во кампот да го посетите и овој град. Што се однесува до листата на изведувачи, таа се уште не е дефинитивна и од ден во ден се дополнува. За сега најавени се Thievery Corporation, Locomondo, Socrates Malamas, Natasha Bofiliou… Цената на билетот изнесува 50 евра за сите пет дена со резервирано кампинг место.
www.riverparty.org
Rockwave (30 јуни до 3 јули, Атина)
Еден од најпознатите рок фестивали во регионот. Се одржува од 1995 година, во паркот Теrra Vibe, во областа Малакаса, која се наоѓа на неколку километри од Атина. Како и секоја година наназад и оваа има одлична програма, во најголем дел составена од рок изведувачи. Ако решите да бидете дел од Rоckwave, ќе имате прилика во живо да ги гледате Machine Head, Paradise Lost, Unisonic, Planet of Zeus, Lucky Funeral, Everlast, Prodigy, Iggy and the Stooges… Цената на билетот, кој вклучува и кампинг место изнесува само 58 евра за сите три дена. Можност која дефинитивно не смеете да ја пропуштите. Карти онлајн можете да купите на Tикетпро.
www.rockwavefestival.gr

Psyculture Festival (13 до 16 јули, Кавала)
Фестивал наменет за љубителите на електронската музика. Со оглед на тоа што се одржува са самиот брег на Егејското море ова е одлична прилика да споите фестивал и летен одмор. Psyculture се одржува во местото Кавала кое се наоѓа на 129 километри од Солун. Најавени се многу Dj и изведувачи во живо, кои ќе се погрижат забавата да трае четири денови. Се уште трае попустот за купување на карти па затоа ако сте миленик на овој тип на музика, не се двоумете премногу. Во моментов цената за четири дневен билет со вклучен кампинг изнесува 55 евра. Карти можете да купите онлајн на официјалниот сајт на фестивалот.
www.psyculturefest.com






