ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
Балкон3 специјалитет – Мечкуевска тава кај Пуже во Свети Николе
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Способности и попречености
ЗЕМЈА НА СПОРЕДБА: СЛОВЕНИЈА Ова не е приказна во која е важно какви емоции ќе предизвика. Не е најважно кој што мисли за делот од нас и од нашето општество што се соочува со попреченост. Предолго време зголемувањето на јавната свест се сведуваше на сочувствување. Но...
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: ВО ПОТРАГА ПО ПРАВНАТА ДРЖАВА
ЗЕМЈА НА СПОРЕДБА: ЕСТОНИЈА Довербата е убедливо најважната валута во еден правен систем. Не може да постојат ниту владеењето на правото, ниту правната држава, ако граѓаните не се убедени дека нивните правосудни органи работат стручно, професионално и пред се чесно....
Балкон3 специјалитет – Мечкуевска тава кај Пуже во Свети Николе

Екипата на Балкон 3 викендов одлучи да ви подготви специјалитет, кој особено ќе им се допадне на оние гурмани за кои „јадење без месо, не е јадење“. За таа цел го посетивме ресторанот „Мечкуевска куќа – Пуже“ во Свети Николе, каде ни го подготвија специјалитетот на куќата. Се надеваме дека ќе уживате во подготвувањето и во конзумирањето на Мечкуевска тава. Добар апетит!
Потребни состојки за шест порции:
– ½ килограм свинско месо
– ½ килограм телешко месо
– ½ килограм пилешко месо
(по желба може да се користат само два или еден вид месо)
– 300 грама свежи шампињони
– 300 грама сушена сланина
– 200 грама кашкавал
– кисела павлака
– зеленчук: 3 зелени пиперки, 3 домати, 2 моркова, 2 тиквици, 3 чешниња лук,
2 главици кромид, магдонос, ловоров лист,
– 1 лажица сенф
– 200 грама доматно пире
– зачини: вегета, црн бибер, сол
– 250 мл. црвено вино
– 250 мл. вода
– масло за готвење
Начи на подготовка:
Започнуваме со подготовка на месото, кое го сецкаме на покрупни парчиња. Во загреано масло за готвење го ставаме месото да се пржи и го посолуваме по желба со сол, црн бибер и вегета. Пржењето е на стандарден начин со повремено мешање. Земаме две главици кромид и ги сецкаме на ситни парчиња. Истото го правиме и со пиперките, морковите, тиквичките, печурките и лукот. Откако завршивме со сецкањето, исецканиот зеленчук го ставаме да се пржи во длабок сад, додаваме сол по вкус и повремено промешуваме. Ја оставаме смесата да се пржи.
Кон веќе испржената смеса од морков, кромид и пиперки ги додаваме ситно сецканите домати и доматното пире и го оставаме да се пржи околу 30 минути.
Месото го ставаме во земјена тава и му додаваме сенф, ловоров лист, магдонос и испржената смеса. Ги промешуваме. Ја додаваме павлаката и димената сланина и налеваме со црвено вино и вода и ги оставаме да се динстаат. Вака приготвената тава ја ставаме во рерна да се потпече на температура од 250 степени целзиусови. Се остава да се пече околу два часа. Кога тавата е готова се ренда кашкавалот и се остава да се растопи. Завршуваме со декорација на тавата по желба.
Добар апетит !
Дарко Чекеровски






