Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
Кајмачина – Румелиско благо
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
Кајмачина – Румелиско благо
Кајмачината e лесно и вкусно благо од балканските простори. Благото се подготвува многу брзо и лесно, наликува на кремаста карамела, но недостасува карамелата. Во оргиналниот рецепт за кајмачината не е предвидена рендана кора од портокал или ванила, но тоа се додава за да се потисне мирисот на јајцето, кое е основна состојка и го има во изобилство.

Потребни состојки
1 литар млеко
5 јајца
1 чаша за вода шеќер
1 рендана кора од портокал или ванила
Подготовка
Јајцата и шеќерот се матат се додека шеќерот целосно не се раствори. Потоа во смесата се додава еден литар млеко и се продолжува со матење. Смесата од млеко, јајце и шеќер се става во еден стаклен сад, а потоа овој сад се става во друг сад (тенџере) полно со вода.

Се пече во рерна загреана на 170 степени, се додека не добие светло кафена боја. Благото може да се сервира кога целосно ќе се олади. Овошен сос при сервирање е многу добра идеја…:)






