Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
Големите мајстори на пивото открија галерија на големите сликарски мајстори
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
Големите мајстори на пивото открија галерија на големите сликарски мајстори
„Уметност и пиво“ – Уникатна изложба на Пивара Скопје 
Исто како и прапочетоците на сликарството, првите пештерски цртежи, уметноста на правење на пиво е еден од најстарите напори на човекот. Пивото се прави од четири состојки: вода, јачмен, хмељ и квасец. И одовде натаму се е уметност. Седум илјади години се прават обиди тие основни состојки да се претворат, да му дадат живот на нешто што има уникатен вкус, мирис, боја и е достапно до секого. А тајната на доброто пиво, и покрај едноставноста на состојките, зависи од оригиналниот рецепт и од уметничките вештини на пивските мајстори. Исто како и во сликарската уметност, од неколку основни бои да се насликаат живи и оригинални уметнички дела кои будат емоции, ве оставаат без здив. Тука лежи оригиналниот спој на уметноста на правењето пиво и сликарството.

За првпат во јавноста деновиве е презентирана дел од колекцијата на Пивара Скопје на ликовни дела од најреномираните македонски сликари од XX век, дополнета со уметнички приказ на автентичната и возбудлива приказна за правење пиво и онаа на Пивара Скопје, длабоко врежана во животот на нашата заедница . Како сведоштво на 90-годишното наследство, Пивара Скопје направи оригинален спој помеѓу најпознатите претставници на современата ликовната уметност од Македонија и уметноста на правење пиво. Поставката содржи 30-тина оригинални уметнички дела потпишани од автори како Личеноски, Мартиноски, Мазев, Наумовски, Чемерски, Корубин и други. Истата претставува само дел од една од најголемите приватни уметнички колекции во земјава, која брои 116 слики.

„Задоволни сме и горди што имаме можност со јавноста да ја споделиме страста на луѓето во Пивара Скопје кон уметноста. Таа јасно се гледа преку желбата да се собере можеби највредната колекција на уметнички дела од еминентни македонски сликари, како и во секојдневната посветност да се произведе и да се понуди совршено освежување со најдобрите пива. Покажуваме дека Пивара Скопје поседува чувство и работи на зачувување на вистинските вредности значајни за заедницата на која ú припаѓа“, реле на отворањето на галеријата генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ, на отворањето на овој оригинален проект наречен „Уметност и пиво“.

првата гајба „скопско“ 1924 година
„Се работи за навистина импозантен приказ на творештвото на втемелувачите на современата македонска ликовна уметност, како и на најреномираните претставници на средната генерација академски сликари од Македонија. Овие дела имаат бесценета уметничка вредност и огромно значење за нашето културно наследство, што дава посебна тежина на грижата на една компанија, како Пивара Скопје, и на нејзиниот напор да ја препознае оваа вредност и да вложи во нејзиното зачувување и афирмација“, рече Мирјана Талеска, кустос советник во Националната галерија на Македонија.
Во изложбата од препознатливи македонски пејзажи и богати колорити на делата од големите мајстори, совршено се вклопени и артефактите кои сведочат за деветдецениската историја на Пивара Скопје, како и иновативен приказ на правењето пиво како оригинална уметност и култура на живеење.

„Пивара Скопје исто така креира уметност. Уметноста на правење пиво е во срцето на нашето постоење“, вели Кирчо Стојанов – менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје. „Исто како и големите сликарски мајстори, суштината на уметноста на правење пиво лежи во начинот на кој ќе ја ставиме во функција природата и нејзините убавини, употребувајќи го целокупното наше знаење и вештини. Во нашиот занает тоа значи да се пронајде совршената комбинација на четирите природни состојки кои му даваат живот на најдоброто пиво – водата, јачменот, хмељот и квасецот“, додава Стојанов, еден од најискусните пивски мајстори не само во земјава, туку и пошироко.

сите пива на „скопско“
„Порта Македонија“ ќе биде домаќин на изложбата „Уметност и пиво“ на Пивара Скопје за сите заинтересирани посетители во перидот од 10-ти јуни до 10-ти јули оваа година.
Д.Ч.






