Дваесет и првото издание на традиционалниот OFFest ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалската програма годинава ја сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2022 ќе го отвори извонредниот македонски етно...
ЗАД СЦЕНА МИРЕН, НА СЦЕНА ВИСТИНСКИ „ЅВЕР“
ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ: Паметна урбанизација или непромислена бетонизација
ЗЕМЈА ЗА СПОРЕДБА: ГЕРМАНИЈА Домувањето не е само четири ѕидови и покрив. Тоа е целиот простор околу домот. Ако тој е погрешно проектиран, квалитетот на домувањето ќе биде под стандардите. Дури и ако се е совршено меѓу четирите ѕида. Таква е приказната за поголемиот...
БЕЗ ВРСКИ И КОРУПЦИЈА: „МЗАЕДНИЦА“ АЕРОДРОМ – ЗА ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ОПШТИНАТА
Повеќе од 650 граѓани на Аеродром веќе се имаат регистрирано на апликацијата „мЗаедница“. Доминантни се пријави и иницијативи за уредување на зеленилото, санација на урбаната опрема, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот. Оваа платформа претежно ја користат...
ЗАД СЦЕНА МИРЕН, НА СЦЕНА ВИСТИНСКИ „ЅВЕР“
“Во Македонија има големи мајстори на музиката, особено кога станува збор за дувачките инструменти, како што се трубата, саксофонот” вели Џеџели.

Не сум заборавил, ниту пак можам да заборавам
Моја најголема љубов, немој да се грижиш
Ако тоа е живот, да, јас живеев
Најголемиот дел од мојата душа остана кај тебе
Дали жалам, не, никогаш
Заедно со тагите станав поубав
Дали сакав, сакав, да
По тебе, со голема страст…

Овие стихови беа сосема доволни, Мустафа Џеџели да стане новата ѕвезда на турската поп музика. Со синглот „Не можам да те заборавам„ за многу краток период стигна до врвот на топ листите. Поради карактеристичниот стил на пеење и прекрасниот сентиментален глас, Џеџели, многу брзо стекнува илјадници фанови. Неговата скромност, срамежливост и живот далеку од гламурот и џет сетот се доволни да добие имиџ на народен човек.
РОМАНТИЧЕН ПРИНЦ
Во рамките на прославата на Денот на образованието на Турците во Македонија гостуваше токму тој Мустафа Џеџели. Скопската сала Борис Трајковски преполна. Илјадници луѓе, се забавуваа и уживаа најразличните перфоманси на гостинот од Турција. Неговиот сценски настап ги изненади сите присутни кои го познаваат од ТВ екраните, срамежливиот романтичен принц Џеџели, на сцената се претвара во сосема друг човек, станува динамичен, добива магична моќ, на кратко станува вистински „ѕвер„.
„Моите песни претежно се бавни, затоа, луѓето кои ги слушаат моите песни од ТВ екраните и од интернет имаат впечаток дека немам динамичен сценски настап. Затоа на моите концерти се пријатно се изненадени„ изјави, Џеџели.
„Имам информации дека на мојот концерт покрај Турците присуствуваа и љубители на музиката од другите националности, Албанци и Македонци, затоа сум многу среќен„ додаде тој.
Музичката кариера ја започнува како аранжер, продолжува со снимање на албум, потоа следуваат сценски изведби. Денес веќе е познат како пејач кој што внесе свежа крв во турската поп сцена. Неговиот прв албум, се состои од 13 песни. Видео спот има снимено за девет песни.

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ГОЛЕМИ МАЈСТОРИ НА МУЗИКАТА
Родителите на мајката на Џеџели, потекнуваат од Букурешт, Романија. „Затоа имам предиспозиции за Балканската музика“ изјави Џеџели. Според него, во Македонија има големи мајстори на музиката особено кога станува збор за дувачките инструменти, како што се трубата, саксофонот.
„Моментално го подготвуваме вториот албум. Пред да дојдам во Скопје, планирав да ја снимам музиката за неколку песни од мојот нов албум. Но не успеавме да се подготвиме. Иксрено можам да ви кажам дека ја следам традиционалната балканска музика и фолклорот„ рече Џеџели.
За време на дводневната посета на Скопје, Џеџели успеал да го прошета градот.
„Имате многу убав и симпатичен град. Многу вкусна храна. Балканските народи се многу гостопримливи. За тоа многу сум среќен што сум тука со вас„ изјави на крајот новиот принц на турската поп музика. Организатор на концертот беше Турскиот културен центар Јунус Емре од Скопје.
Хусамедин Гина






