Ѕирнете во дворот на соседот, излезете на Балкон!

Ван Гог

by | Jun 26, 2014 | Локации | 0 comments

Манастир Свети Пантелејмон

Манастирот Свети Пантелејмон, изграден во XII век, е еден од најстарите и најзначајните манастири во Македонија. Свети Пантелејмон се наоѓа во селото Горно Нерези на осум километри југозападно од Скопје. До него може да се дојде од две страни,...

read more

Менада

Менада е авангардниот бастион на Скопје. Местото кое во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век беше едно од главните „андерграунд“ собиралишта во градот, од пред неколку години повторно е редовна ноќна станица за многумина....

read more

Камен мост

Камениот мост е најпознатиот симбол на Скопје. Го има во сите промотивни видеа за градот, претставува најчест мотив на поштенските разгледници и доминира на грбот на Скопје. Најфреквентниот пешачки мост на реката Вардар го изградил или...

read more

Ван Гог

by | Jun 26, 2014 | Локации | 0 comments

Error: map could not be loaded - a map with the ID does not exist. Please contact the site owner.

Кафулето Ван Гог, во Скопје е познато исто толку колку што е сликарот Ван Гог познат во Холандија. Или што би рекол нашиот пријател Васко Марковски: “Ван Гог не е само име на кафуле во Скопје. Денес тоа е веќе топоним.“ Постои од 1986 година, кога тогашниот сопственик го отворил во куќата на дедо му во познатата скопска населба, Дебар Маало.
van gog_balkon3 mapi
Не знам дали е до култниот статус на Ван Гог ама кога минувате покрај неколкуте масички, наредени до калдрмата, како да чувствувате некоја магична привлечност. Тоа е едно од оние места „со дух“. Покрај кафулето многу често ќе забележите паркирани повеќе мотори, со оглед на тоа што неговите сегашни сопственици се членови на мото клубот „Ноќни волци“. Но, тоа нека не ве поколеба. Во „Ван Гог“ се добредојдени сите кои уживаат во добар пијалок, рокенрол и опуштена атмосфера.

Настани

Балкон 3 Џубокс